HomeАктуелноБројни активности по повод патрониот празник на гимназијата „Св.Климент Охридски“

Бројни активности по повод патрониот празник на гимназијата „Св.Климент Охридски“

Со низа активности охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ќе го одбележи 8-ми декември, патрониот празник на училиштето. Богатата програма започнува денес со историски час и експерименти од областа на физиката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Активностите продолжуваат утре со поетско читање на странски јазици, како и предавање „Контрацепција и полово преносливи болести“. Во понеделник на 5-ти декември предвидени се предавања на теми „Заедно против насилството врз девојчињата и жените“, како и „Геолошка еволуција на Македонија“, по што ќе следи изложба на стари изданија од македонски и странски автори и предавање од проф. Димитар Пандев на тема „Историјата на македонскиот јазик“.

Во вторник, на 6-ти декември, ќе биде одржан историски час „Гимназиската зграда- споменик на културата во Охрид“, ќе бидат доделени благодарници на учениците добитници на награди од натпревари, по што ќе следи изложба на фотографии на ученичката Нина Анѓелкоска.

Во среда во Центарот за култура со почеток во 19 часот ќе има хуманитарна акција на млади хемичари, како и ликовна изложба, а од 20 часот ќе се одржи свечена академија.

Програмата се заокружува на 9-ти декември во петок со презентација од информатика, квиз натпревар по математика и спортски активности.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.