СВР Охрид информира дека на 15.07.2022 година, по претходна судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на И.Т.(47) од Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се едно пластично и три стаклени шишиња со течност и други предмети. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.07.2022 година во СВР Охрид, А.В.(27) пријави дека во автокампот „Градиште“ во Охрид, бил физички нападнат од, за него непознато лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот., додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 15.07.2022 година, во СВР Охрид, лишен од слобода е П.Р.(35) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, бил агресивен кон член на неговото семејство, го навреедувал и му се заканувал., информира потпаролот на СВР Охрид.
