Од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид информираат дека вечерва, 21-ви август 2022 година, ќе се доделуваат дипломите на матурантите од генерацијата 2021/2022 година.
Настанот, на кој пред присутните ќе се обрати в.д директорот Ристе Јанкоски, ќе се одржи на летната сцена „Долни Сарај“ со почеток во 19:30 часот.
