Секторот за внатрешни работи Охрид, ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“.
Мешани патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022), извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваат младите, информира СВР Охрид.
Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителскии други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања. Кампањатата , исто така, има за цел преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се од Законот за прекршоци против јавниотред и мир. Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид. – истакнува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Во рамки на кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид синоќа извршиле контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид. Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави. – информира портпаролот Димовски.
Лишени од слобода се четворица турски државјани на возраст од 19 до 25 години, сите со привремен престој во Охрид. Тие, околу 01 часот, во кафе бар во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет повредил 34-годишен охриќанец. Тој е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.
