HomeАктуелноВкупно 63 пожари на отворен простор, еве што е НАЈНОВО!

Вкупно 63 пожари на отворен простор, еве што е НАЈНОВО!

Состојба со пожари на отворен простор (09/10.07.2025 до 07:00 часот)

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вкупно активни пожари: 63, од кои:

• Активни: 9

• Под контрола: 4

• Локализирани: 1

• ✅ Изгаснати: 49

Активни пожари (9):

1. Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)

2. Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)

3. Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)

4. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)

5. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)

6. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)

7. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)

8. Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел)

9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)

Локализиран пожар (1):

1. Кочани – м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки (ниска вегетација и мешана шума)

Пожари под контрола (4):

1. Делчево – Градска депонија „Острец“

2. Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума)

3. Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)

4. Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума)

✅ Изгаснати пожари (49):

• Скопски регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево

• Пелагониски регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2)

• Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, Росоман

• Источен регион: Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево

• Североисточен регион: Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2)

• Југоисточен регион: Радовиш, Ново Село, Дојран

• Повардарски регион: Свети Николе (3)

• Полошки регион: Желино (2), Теарце, Гостивар, Јегуновце

Напомена: Пресекот е изработен врз основа на информации од регионалните центри. Од Регионалниот центар – Скопје се добиени податоци само за периодот од 20:00 до 07:00 часот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.