HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ водени од болна амбиција за власт распродаваат се што е македонско

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ водени од болна амбиција за власт распродаваат се што е македонско

СДСМ ги лажеше граѓаните дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува. Вистината е дека СДСМ со своите предавнички политики им отвори врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитетот постојано да оспоруваат. Последниот доказ за тоа е изјавата на бугарското МНР кое тврди дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Ова е огромен дипломатски пораз за Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дипломатијата на Ковачевски и Османи дозволи Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го оспорува македонскиот јазик и го нарекува бугарски дијалект. Тоа е срамно и преставува предавство. Дека оваа власт на СДСМ и ДУИ ништо не загарантирала говори и изјавата на портпаролката на ЕК, што целосно се коси со уверувањата кои ги даваат владините функционери. Ова покажува дека власта на СДСМ и ДУИ водени од болната амбиција за власт, распродаваат и асимилираат се што е македонско.

Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.