HomeАктуелноВНИМАВАЈТЕ! Од денеска камерите поставени на улиците ќе снимаат сообраќајни прекршоци

ВНИМАВАЈТЕ! Од денеска камерите поставени на улиците ќе снимаат сообраќајни прекршоци

Од денеска камерите поставени на улиците ќе снимаат сообраќајни прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека почнува пробниот период на проектот „Безбеден град“ кој ќе трае еден месец, а од 1 јануари 2025 година ќе стартува и казнувањето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Од 1 декември ќе започне пробниот период каде сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, велат од МВР.

Како што објаснуваат од МВР на почеток ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, погрешно престројување, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила. Во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.