HomeАктуелноВо Албанија во јуни бројот на посетители зголемен за 25,5 отсто на годишно ниво

Во Албанија во јуни бројот на посетители зголемен за 25,5 отсто на годишно ниво

Бројот на домашни и странски посетители кои престојуваат во хотели, куќи за гости и друго сместување во Албанија во јуни се зголемил за 25,5 отсто на годишно ниво, со значителен пораст и кај странските и кај локалните туристи оваа летна сезона.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, најмногу странски посетители има од Косово, Полска, Италија, Германија и Англија.

-Двата показатела, односно бројот на домашни и странски посетители, го следат истиот тренд. Бројот на домашните посетители во јуни е зголемен за 15,2 отсто а на странските за 34 отсто, наведува ИНСТАТ.

Според официјалната статистика бројот на ноќевањата на домашните посетители е зголемен за 12,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските посетители е зголемен за 54,5 отсто.

Туристичките дестинации во централна Албанија забележаа најголем број посетители – зголемување од 38,1 отсто, додека 62,5 отсто од посетителите престојувале во крајбрежните области на земјата.

Околу 94 отсто од посетителите престојувале во хотели, а останатите во други сместувачки капацитети.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.