Во атарот на црквата „Св. Петка” во охридското село Велгошти, вечерва од 20:00 часот ќе се одржи традиционалната манифестцација „Вечер на Чинго“.
Ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на претставник на општина Охрид, по што ќе биде доделена наградата за најдобар расказ. Годинашен добитник е Анета Велкоска – ОДА, автор на расказот „ Зошто роботите не умеат да љубат “.
Покрај тоа, беседа за Чинго ќе одржи Паско Кузман, Живко Чинго како инспирација во творечкиот опус на Гоце Џуклески, по што ќе следи културно – уметничка програма.
