HomeАктуелноВо Истанбул пристигна уште еден брод со украинско жито

Во Истанбул пристигна уште еден брод со украинско жито

– Бродот Ројен, кој исплови под малтешко знаме од пристаништето Черноморск, натоварен со 13.000 тони пченка, стигна до брегот на Истанбул.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова е уште еден брод што превезува жито како дел од договорот потпишан на 22 јули од Турција, Украина, Русија и Обединетите нации (ОН) со цел да се обноват испораките на украинското жито од пристаништата на Црното Море.

Како што јавува Анадолија, бродот „Ројен“, чија крајна дестинација е Велика Британија, ќе биде закотвен во Истанбулскиот Теснец, каде тим составен од претставници на Турција, Русија, Украина и ОН ќе изврши инспекција на бродот, по што бродот ќе го продолжи патувањето.

Се очекува и бродот Поларнет, кој плови под знаме на Турција, и кој превезува 12.000 тони жито, наскоро да влезе во Истанбулскиот Теснец.

Министерството за одбрана на Турција во петокот соопшти дека три брода со вкупно 58.000 тони пченка тргнале од украинските пристаништа за Турција, Велика Британија и Ирска.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа го продолжи патувањето од Истанбул до Либан.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.