HomeАктуелноВо Кичево приведен осомничен дилер на кокаин

Во Кичево приведен осомничен дилер на кокаин

Полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево вчера во 22.50 часот во Кичево го лишија од слобода кичевецот И.Б.(39).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се додава во соопштението на МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.