HomeАктуелноВо Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд

Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6.

 

Во Охрид променливо облачно, попладне нестабилно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.