Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се одржа ждрепка за групите на третиот по ред хуманитарен турнир во футсал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи по три екипи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации прво и второ пласираните ќе играат до самото финале.
На почетокот на ждрепката одговорниот за реализација на турнирот, Тони Илијоски, ги информираше сите присутни околу правилата и прописите кои ќе бидат на важност за време на одржувањето на турнирот.
Група А
1. Гостилница Кај Мече
2. МАГНА
3. ЈП Колекторски систем Охрид и ЈП Нискоградба Охрид
Група Б
1. Инекс Олгица хотел и спа
2. ЧАРДАК Велгошти
3. ЈП Охридски Комуналец
Група В
1. Провелд
2. Гранит Х
3. ТАВ Македонија
Група Г
1. АСП ПАК
2. КОСТАЛ Македонија
3. Општина Охрид
После одигрување на натпреварите по групи во понатамошната елиминациска фаза ќе вкрстува групата А со групата Г и групата Б со групата В се до самото финале.
Термините и деновите за одигрување на натпреварите дополнително ќе бидат објавени.
Ги покануваме сите љубители на футсал да бидат дел од нас и третиот по ред Хуманитарен турнир во футсал “Ohrid Freed”.
