HomeАктуелноВремето „врти“ – дожд, студ и снег на повисоките места!

Времето „врти“ – дожд, студ и снег на повисоките места!

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пред нас е нов влажен и поладен воздушен бран кој пристигнува од северозапад. Денес, во претпладневните и раните попладневни часови, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а со падот на температурите, на повисоките планини над 1800 метри ќе има и повремени врнежи од снег. (Прогноза спроведена од еден од најдобрите и најдетални метеопрогнозери, Славчо Попоски).

Промената ќе ја придружува засилен северен и северозападен ветер, најизразен долж Повардарието, кој локално може да создаде чувство на постудено време.

Во Скопје и околината се очекува повремен локален дожд и засилен северен ветер во текот на денот.

Температурите ќе се движат од 11 до 18 степени, а во главниот град до околу 16 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.