HomeАктуелноВремето денес во Охрид претпладне сончево попладне нестабилно со дожд

Времето денес во Охрид претпладне сончево попладне нестабилно со дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часовите ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.