HomeАктуелноВремето денес – Сончево и потопло со мала облачност, температура до 17 степени

Времето денес – Сончево и потопло со мала облачност, температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од минус 3 до 4 степени, а дневните од 13 до 23 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид времето денес сончево и потопло со мала облачност, утринска температура до 2 степени, а дневна до 17 степени.

УХМР најавува дека до петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. Во сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.