Голем пожар избувнал попладнево над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда, пренесува Сител.
Очевидци велат дека пожарот се шири бргу поради силниот ветер, а локалните жители стравуваат дека може да ги зафати куќите во близина.
На терен се екипите на противпожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел.
