HomeАктуелноГолем пожар кај Перово: Изгорени овоштарници, селото спасено од огнената стихија

Голем пожар кај Перово: Изгорени овоштарници, селото спасено од огнената стихија

Голем пожар избувна попладнево кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро, информира Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во видео-обраќање до медиумите рече дека е на пат кон Преспа, посочувајќи дека овој пожар, освен за селото Перово, претставуваше опасност и за околните села.

Пожарот што изби кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро зафати поголема површина на трска. Поради ветрот се ширеше со голема брзина кон селото. Но, пожарникарите и локалното население го локализираа пожарот и тој веќе не претставува опасност за селото Перово, вели Ангелов.

Во пожарот се изгорени повеќе овоштарници, кои претставуваа егзистенција за мештаните, а Ангелов рече доколку околу нив бил изоран појас, без тревки, овоштарниците ќе можеле да се спасат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.