HomeАктуелноДве жртви во поплавите во Албанија

Две жртви во поплавите во Албанија

Две лица ги загубиле животите во поплавите во Голема Малесија, на северот на Албанија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Станува збор за Пјетр Ѓока (50) и неговиот син, додека неговата ќерка се спасила. Ѓока со децата патувал со автомобил кога надојдените води го повлекле возилото. Девојката успеала да ја отвори вратата и испаднала од возилото при што на помош и пристапиле случајни минувачи. Во водите на надојдената река кај месноста „Грик Луѓе“ кај Шкрел се гледа само дел од возилото.

На местото на трагедијата се полициски сили, нуркачи, пожарникари, а се упатени и групи на специјалната единица за брзи интервенции.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.