HomeАктуелноДенес ќе се одржи манифестацијата „Минатото е богатство на еден народ“

Денес ќе се одржи манифестацијата „Минатото е богатство на еден народ“

Денес во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Минатото е богатство на еден народ“ финансирана од Општина Охрид и ТЛЕР, а во организација на Здружението за промоција на хуманитарни, културни, образовни и еколошки вредности „Синан Челеби“ Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Отворањето на манифестацијата е предвидено во 17 часот со настап на музичка и играорна група, по што ќе следува обраќање на проектниот менаџер и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков информираат од Здружението.

Во рамки на програмата следува презентација на турската култура, традиција, кујна, занаети, изложени стари предмети и реквизити, старата Охридска чаршија. Потоа предвидено е послужување на гостите со турско кафе, локум, турски чај, баклава, шеќерпаре, ашуре и разгледување на турското катче.

Манифестацијата ќе се заокружи со прошетка низ старата Охридска чаршија на заинтересираните гости под водство на туристички водич, додаваат од Здружението.

Настанот ќе се одржи на улица „Гоце Делчев“ бр. 8 (кај Чинарот).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.