HomeАктуелноДенеска промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат” во Охрид

Денеска промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат” во Охрид

Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.

‎Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.

‎Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.

‎Промоцијата на книгата ќе се одржи денеска на 12 септември 2025 година, на мини плоштадот „Вангел Наумовски“ во 12:00 часот. Настанот е дел од активностите за одбележување на деновите посветени на литературата за деца.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.