HomeАктуелноДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од ДКСК, настанот има за цел да ја потврди континуираната, одлучна и непоколеблива борба против корупцијата и да ги истакне клучните активности и предизвици во оваа сфера.

На настанот ќе се обратат Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија, Ола Сулстром, амбасадор на Шведска, Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Александар Кржаловски, претставник на граѓански сектор од Македонски центар за меѓународна соработка.

Настанот ќе се одржи во Клубот на пратениците во Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.