HomeАктуелноДонирани средствата од третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024

Донирани средствата од третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024

Донирани финансиските средства од Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Донирани се 75 000 денари во Центарот на аутизам – Охрид од страна на ОСМТХ – Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид.

Финансиските средства беа собрани на Хуманитарниот турнир – Street Basket 3×3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 кој се одржа на 08.06.2024 година во Охрид.

Покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија,  Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.

Oва е трет хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 год.,  турнирот е одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат организаторите.

Сите собрани средства беа донирани во Центарот за аутизам во Охрид.

Среќни сме што настанот прерасна во една убава традиција и тоа што финансиските средства се донирани онаму каде што се најпотребни во овој момент.  Street Basket 3х3 „Од деца за деца“, со самото име  кажува што е целта на овој настан, децата преку духот на хуманоста играа за други деца, додаваат организаторите.

 

Забрането преземање и копирање/ Фото: Приватна архива

Е.Р | powerinfo.mk

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.