Балканската пејачка Емина Јаховиќ и турскиот продуцент Мустафа Сандал официјално се разведоа годинава на 6 јуни во Истанбул, по 10 години брак.
Според турските медиуми, пејачката по разводот од поранешниот сопруг добила значителна сума на пари.
Имено, според турскиот Хабертурк, Мустафа Сандал на својата екс сопруга Емина ѝ оставил две третини од приходите откако ја продал нивната луксузна куќа во Истанбул.

Се шпекулира дека од продажбата на оваа вила Емина и Мустафа ќе инкасираат најмалку 3 милиони долари. Освен тоа според договореното на разводот, турскиот продуцент Сандал на поранешната сопруга ќе и купи нова куќа во Србија, која ќе чини најмалку 250 илјади долари.
Тој воедно на Емина месечно ќе и исплаќа алиментација од 15.000 турски лири или 2.800 евра.
Мустафа Сандал ќе плаќа и по 5.000 турски лири или 938 евра месечно за секое од нивните деца, синовите Јавуз и Јаман.
Тој воедно финансиски ќе го покрие школувањето и летниот распуст на своите синови, а за ова ќе издвои 60.000 турски лири или 11.257 евра годишно.
Турските медиуми шпекулираат и дека Мустафа на Емина ќе и купи и нов автомобил за цели 275.000 турски лири или 51.595 евра.

Инаку, Емина неодамна продаде парцела сопственост на нејзиното семејство во нејзиниот роден град Нови Пазар за фантастични 760.000 евра. На таа парцела во Нови Пазар треба да се изгради Турска амбасада.
Атрактивната пејачка инаку е и одлична бизнисменка. Емина долги години има своја компанија и бренд „Yaemina Beauty“, која се занимава со козметика и веќе е една од најпознатите на пазарот.
