Зголемен e бројoт на посетители на локалитетите и музеите кои се под надлежност на НУ Завод и музеј Охрид информираат од установата. Најпосетуван локалитет се чини дека и натаму останува Музејот на вода кај Градиште.
Оваа година бројот на посетители, како на странски, така и на домашни е зголемен во однос на претходната 2021 година, а најголем број на посетители имаме на Музеј на вода „Залив на Коските“, потоа на Самуилова тврдина, додека, Куќата на Робевци и Галеријата на икони бележат помала посетеност, велат од Установата.

Инаку, според податоците од минатата година, музеите и локалитетите под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид ги посетиле вкупно 98.812 домашни и странски посетители.
Најголем број на посети е забележан во „Музејот на вода“ кај Градиште – 49.643, а на Самуиловата тврдина имало 44.146. Значително помал број на посетители се евидентирани во музејот Куќата на Робевци – 3.642, и во Галеријата на икони – 1.381.
