HomeАктуелноЗемјотрес ноќеска во Македонија

Земјотрес ноќеска во Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар потекнува од Грција, е почувствуван синоќа во западните делови од државава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 22 часот и 17 минути, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.