HomeАктуелноИ оваа банка ќе ги исплати јулските пензии предвреме – парите ќе легнат на сметките уште денеска

И оваа банка ќе ги исплати јулските пензии предвреме – парите ќе легнат на сметките уште денеска

Исплатата на јулските пензии започна, а дел од пензионерите веќе можат да располагаат со своите средства.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Халкбанк соопшти дека од денес, 30 јули 2026 година, пензиите за јули се достапни на сметките на корисниците. Средствата може да се подигнат во сите филијали на банката, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Во меѓувреме, Шпаркасе банка ги извести своите клиенти дека пензиите за месец јули ќе бидат достапни на платежните сметки на 31 јули 2026 година.

„Ве информираме дека пензиите за месец јули ќе бидат достапни на вашите платежни сметки на 31 јули 2026 година“, се наведува во известувањето на банката.

Корисниците на дебитни картички ќе можат веднаш да ги користат средствата за плаќање во продавници, онлајн трансакции или за подигнување готовина од банкоматите.

Засега, Халкбанк и Шпаркасе банка се меѓу првите што официјално ги информираа своите клиенти за датумите на исплата на јулските пензии, додека останатите банки сè уште немаат објавено официјални информации.

Пензионерите се советуваат да ги следат известувањата од банката преку која ја примаат пензијата, бидејќи датумот на исплата може да се разликува од банка до банка.

Една банка ќе ги исплати јулските пензии предвреме – парите ќе легнат на сметките уште во петок

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.