HomeАктуелноИзгоре просторија со котел за парно затоплување во Струмица

Изгоре просторија со котел за парно затоплување во Струмица

Утрово во 05:45 часот во куќа на улица „Крушевска Република“ избувнал пожар во просторија со котел за парно затоплување, а само заради брзото пријавување и навремената интервенција на струмичките пожарникари е спречен поголем пожар и голема материјална штета.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот интервенирале со едно против пожарно возило и пет пожарникари. Пожарот бил изгаснат и било спречено проширувањето на погорните катови од куќата и соседните објекти.

Пожарникарите апелираат до граѓаните да внимаваат и правилно да ги употребуваат огништата, посебно тие кои се затоплуваат со огревно дрво и доколку се појави пожар веднаш да ја алармираат ТППЕ Струмица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.