Палестинците велат дека добиле нови предупредувања од израелската војска да се преселат од северниот дел на Газа на југот на Појасот – во спротивно тие би можеле да бидат идентификувани како симпатизери на терористичката организација.
Пораката била доставена на флаери со името и логото на израелските одбранбени сили и испратена до луѓето преку аудио пораки на мобилни телефони низ Појасот Газа.
Итно предупредување до жителите на Газа. Вашето присуство северно од Вади Газа го става вашиот живот во опасност. Секој што ќе одлучи да не ја напушти северна Газа и да се пресели јужно од Вади Газа може да биде идентификуван како соучесник на терористичка организација, се вели во летокот.
Израел претходно ги предупреди Палестинците да се преселат на југ, иако Палестинците изјавија дека претходно не им било кажано дека може да се сметаат за симпатизери на „терористи“ доколку не го направат тоа.
