HomeАктуелноИмаме поважни работи од промена на грбот и химната вели Меџити

Имаме поважни работи од промена на грбот и химната вели Меџити

Владините партнери воопшто не ја отвориле дебатата за промена на државните симболи и во моментов се што циркулира во јавноста се ставовите на поединечните политички субјекти. Владиниот потпретседател Изет Меџити денеска не сакаше да ги коментира неговите позиции во овој процес откако претходно рече дека добро би било македонската химна да биде без текст.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меџити денеска рече дека со премиерот воопшто не разговарале за промена на грбот и химната но дека тоа во Владата не е табу тема. Според Меџити, Македонија во моментов има поважни работи од промена на државните симболи.

Вчера во Тема на денот на телевизија Сител,  лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски рече дека неговата партија која е дел од владината коалиција е против промена на државните симболи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.