HomeАктуелноИнтервенција на екипите во Охрид поради обилни врнежи

Интервенција на екипите во Охрид поради обилни врнежи

Поради обилните врнежи од дожд што  го зафатија Охрид, екипите на јавните претпријатија излегоа на терен и интервенираа на повеќе локации со отворање на шахтите од атмосферската канализација. Овие активности се преземаат за да се обезбеди побрзо одведување на надојдените води и да се спречи  задржување на дождовницата на коловозите и тротоарите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да се движат со зголемено внимание, а до пешаците да бидат претпазливи заради нивна лична безбедност.

Екипите на јавните претпријатија остануваат на терен до нормализирање на состојбата на јавните површини во Општина Охрид, информираат од Општина Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.