HomeАктуелноИнформативен настан на СЕП и Амбасадата на Словенија за повикот за кофинансирање на развојни проекти

Информативен настан на СЕП и Амбасадата на Словенија за повикот за кофинансирање на развојни проекти

Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Словенија денеска во Клубот на пратеници организираат информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, објавен од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Воведни обраќања  се најавени од државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, раководителот за развојна соработка и хуманитарна помош во словенечкото Министерство за надворешни работиРоберт Кокаљ и амбасадорот на Словенија, Милан Предан.

На настанот ќе присуствува и директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Мојца Копшe која ќе ги презентира критериумите, условите и постапката на аплицирање.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.