HomeАктуелноКако да се заштитите од екстремните горештини – совети од ИЈЗ

Како да се заштитите од екстремните горештини – совети од ИЈЗ

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до петок не очекуваат екстремно високи температури – над 30°C насекаде, а локално и над 40°C. Според УХМР, UV индексот ќе достигне вредност 9, што значи многу висок ризик од штетно UV зрачење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во петок попладне и вечерта се најавува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе има пад на температурите и засилен северен ветер.

Институтот за јавно здравје препорачува:

  • Избегнување директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот

  • Носење лесна, широка и светла облека, капа со широк обод и очила за сонце

  • Консумирање доволно течности, особено вода – најмалку 2 литри дневно

  •  Престој во ладни или климатизирани простории, особено за стари лица, хронично болни и деца

  •  Избегнување физичка активност во најтоплиот дел од денот

  •  Лесна храна – повеќе овошје и зеленчук, избегнување тешки и мрсни јадења

ИЈЗ апелира граѓаните да бидат внимателни, а особено ранливите категории да преземат мерки за заштита.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.