HomeАктуелноКовачевски: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите

Ковачевски: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, наведува Ковачевски во објавата.

Тој потенцира дека со ребалансот се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки, 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата, повисоки пензии од септември за над 320.000 пензионери, субвенции за земјоделците и средства за развојни проекти.

– Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво, додава премиерот Ковачевски во објавата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.