HomeАктуелноКога прочитав дека го нема, на брат ми му кажав дека сигурно останал да спасува деца, градоначалникот на Бутел со зборови за Андреј!

Кога прочитав дека го нема, на брат ми му кажав дека сигурно останал да спасува деца, градоначалникот на Бутел со зборови за Андреј!

Се видовме пред неколку дена, поразговаравме убаво. Многу јасно му кажав дека ми остава посебен впечаток како човек, баш се посрами и се насмеа. Кога прочитав сабајлево дека го нема, на братми му кажав дека сигурно останал да спасува деца. И така би ! Тој излегол и се вратил назад во пеколот. Јунак ! Господ да е со тебе и твојата душа Андреј, и со душите на сите млади страдалници. Господ да е со вашите најблиски, оваа трагедија е со несогледлива последица. Никогаш не верував дека уште еден ден ќе се разбудам со истата болка како онаа кога беше смилковско. Да се обединиме, да бидеме појаки од било кога до сега. Андреј ти си јунак ! Јунак ! – стои во објавата на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.