HomeАктуелноКривична пријава за затајување против едно лице

Кривична пријава за затајување против едно лице

На 05.05.2022, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Скопје. Тој бил баран со распис од Полициската станица Чаир поради сомнение дека возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, противправно го присвоил за себе. На 03.04.2022 со лице од Скопје направил усмен договор да го купи возилото, по што го зел и не го платил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на С.Џ. ќе му биде поднесена пријва по член 239 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.