Иако градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во предизборната кампања (со која и победи на локалните избори) како решение за постоечките проблеми со паркирањето промовираше катни гаражи, сега тој воведува зонско паркирање на територија на општина Гази Баба, почнувајќи со населеното место Автокоманда.
Левица остро се спротиставува на ваквиот предлог, бидејќи тоа нема да го реши проблемот туку само ќе го префрли во најблиските соседни општини, што веќе е потврдено во пракса во општините кои имаат воведено зонско паркирање.
