HomeАктуелноЛишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во центарот на Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава

Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во центарот на Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова” во Скопје, со мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.