HomeАктуелноМакедонија доби 52,4 милиони евра од ЕУ – прва во регионот што ги повлече средствата од новиот План за раст

Македонија доби 52,4 милиони евра од ЕУ – прва во регионот што ги повлече средствата од новиот План за раст

Северна Македонија стана првата земја од регионот што доби средства од новиот европски План за раст за Западен Балкан. Станува збор за 52,4 милиони евра предфинансирање од инструментот на Европската комисија наменет за спроведување реформи и економски развој.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, соопшти дека средствата се дел од пакетот финансиска поддршка што за земјата може да достигне околу 750 милиони евра.

Според него, исплатата е направена откако државата ги завршила потребните правни процедури и ја поднела реформската агенда до Европската комисија.

„Ова е значаен чекор затоа што сме првата земја во регионот што ги исполни условите и доби предфинансирање од Планот за раст“, изјави Муртезани.

Средствата треба да се користат за економски реформи, подобрување на институциите и забрзување на интеграцијата на земјата кон Европската Унија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.