HomeАктуелноМакедонската фудбалска репрезентација денеска го пречекува Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација денеска го пречекува Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација денес од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По реми натпреварите со Велс и Белгија, националниот тим ќе се обиде да стигне до првата домашна победа во циклусот.

Со евентуален триумф, Македонија ќе се врати на врвот на групата. Во моментов нашата селекција има осум бодови, два помалку од Велс, кој утре нема квалификациски натпревар.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе започне во 18:00 часот, а директен пренос ќе има на МРТ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.