HomeАктуелноМакедонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Македонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (19.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 327 возачи. Од нив 22 возила седвижеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.