HomeАктуелноМакедонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања го продолжува состанокот во Скопје

Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања го продолжува состанокот во Скопје

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен  конкретен резултат, заклучок или препорака, но оти имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени нашите интереси.

– Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – свети Кирил и Методиј, свети. Климент, свети Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.