Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се соочи со екстремната десничарка Марин Ле Пен во вториот круг на претседателските избори во Франција на 24 април, откако денеска победи во првиот круг со 28,1 отсто од гласовите, според излезната анкета на Ипсос. Марин Ле Пен е втора со 23,3 отсто од гласовите, на изборите на кои имаше 12 кандидати од крајно лево до крајно десно во политичкиот спектар.
