HomeАктуелноМВР полни раце работа, неприлагодена брзина, користење мобилен телефон, минување на црвено светло…

МВР полни раце работа, неприлагодена брзина, користење мобилен телефон, минување на црвено светло…

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за возач почетник.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.