HomeАктуелноМилошевски за powerinfo.mk: Кога имате одличен тим околу себе тогаш резултатот е очекуван

Милошевски за powerinfo.mk: Кога имате одличен тим околу себе тогаш резултатот е очекуван

Кога имате одличен тим околу себе тогаш резултатот е очекуван. Но овој успех е навистина посебен затоа што за прв пат нашиот тим броеше 26 натпреварувачи и имаше деца од 4 години за кои ова беше прво натпреварување. Сите успеаа да добијат медали и навистина беа одлично подготвени, можам да кажам дека нивните родители беа повеќе возбудени од нив. Голема благодарност за нивната подршка на ова големо натпреварување каде тимскиот дух беше секогаш на прво место. Секако огромен придонес имаше и нашиот психолог Марија Ризоска која на уникатен начин успеа да ги мотивира да го дадат најдоброто од себе. Од самиот почеток нашата визија во ММА е подобро здравје и благосостојба на сите наши ученици, сега и за идните генерации. Тие се нашата иднина, за powerinfo.mk вели  тренерот Дејан Милошевски

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Каратистите на Милошевски маршал артс (ММА), 26 натпреварувачи, освоиja 38 медали – 8 златни, 12 сребрени и 18 бронзени на Меѓународниот турнир Фонсека куп во САД. На ранг-листата ММА беше 4-та по бројот на медали од вкупно 34 клуба.

Фонсека куп е меѓународен турнир во Чикаго, Илиноис кој е еден од изборните  квалификациони турнири за Државното натпреварување во САД за следната година. Организатор е Џон Фонсека, еден од најтрофејните американски каратисти.

Учествуваа 475 натпреварувачи од 5 земји – САД, Македонија, Колумбија, Венецуела и Јапонија.

 

 

Новинар: Елена Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.