HomeАктуелноМинистерот за економија: За младите работа, за потрошувачите официјална и реална кошница

Министерот за економија: За младите работа, за потрошувачите официјална и реална кошница

Oперативниот план за вработување, со обезбедени речиси 40 милиони евра и насочен кон повеќе од 16 илјади лица е клучен проект на Министерството за економија и труд. Досегашниот одзив на заинтересираните, преку четирите јавни повици резултира со 6.026 апликации, нагласи меѓу другото министерот Бесар Дурмиши, во отчетот за работењето во првата година од мандатот. Планот е носечка алатка и стратешки документ во борбата со невработеноста.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Планот опфаќа низа специфични мерки за обуки, стекнување вештини и грантови за сопствени бизниси со кои ќе им се помогне на различни категории граѓани. Млади до 29 години и луѓе од ранливи групи да се самовработат и да станат економски независни, рече Дурмиши.

Грантовите што ќе се доделуваат за самовработување се движат од 430.500 до 615.000 денари, зависно од возраста (до и над 29 години). Притоа, им се дава можност и тие што се во неформалната економија да ги формализираат своите бизниси.

Стапката на инфлацијата е намалена за 1,3 проценти, а цените на храната за ти проценти само во март 2025, а преку други мерки кои дадоа резултати постигнавме намалување на цените и реална заштеда за семејствата, посочи министерот.

За мерките за скалесто ограничување на маржите за 102 групи производи, кои опфатија над илјада артикли, Дурмиши вели – дадоа резултати.

За обврската што ја имаат маркетите дневно да ги ажурираат цените на нивните веб-страници, министерот информираше дека во следниот период ќе се изработи и апликација, која преку алгоритам ќе ги споредува цените. А граѓаните ќе имаат увид каде во нивна близина производот е  најевтин.

Дурмиши соопшти дека Трудовиот инспекторат ги зголемил теренските контроли за 20, а Пазарниот инспекторат за 15 проценти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.