HomeАктуелноМицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат

Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат

Премиерот Христијан Мицкоски утрово преку својот фејсбук профил изрази почит по повод 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што наведува Мицкоски, Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода, а славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат.

– Македонија не е само држава, туку и наша судбина, и мора да биде наша иднина. Таа е изградена од саможртвата на хероите кои се дадоа за нашата слобода. Еден од најцврстите карпи на тоа народно дело е Гоце Делчев чиј живот херојски згасна пред 122 години, а неговата слава и дело продолжува да биде живо.
Длабок поклон за великанот. Слава му, пишува премиерот Мицкоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.