HomeАктуелноМицкоски тврди дека оваа категорија граѓани ќе добијат плата и К15

Мицкоски тврди дека оваа категорија граѓани ќе добијат плата и К15

Административците нема да останаат без плата и К15. Трезорот не се затвора утре. Премиерот Мицкоски вели дека само ги повикал државните институции да не го чекаат крајниот рок и навреме да ги доставаат налозите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исплатата од буџетот нема да запре, вели премиерот, но искуството покажало дека дел од институциите го чекале последниот момент да ги достават налозите.

Годините наназад, еве минатата година во 5 до 12 се случуваше и останаа недовршени работи, бидејќи физички не е возможно. Се разбира дека ако некој дојде на 20 декември нема да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да го реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Тоа е суштината – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Опозициската СДСМ пак обвини дека буџетот е празен и затоа се доцни се сите исплати.

За прв пат во историјата трезорот се затвора на 15 декември. Ова покажува дека нема пари за плати, пензии, социјални надоместоци, породилно отсуство и поврат на ДДВ, изјави Алекандар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ

Инаку, втора година по ред административците ќе добијат и регрес за годишен одмор. Сумата која треба да им легне на сметките до Нова година изнесува 12.370 денари. Пари и за ова се обезбедени, вели Мицкоски.

Исплата на сите буџетски корисници, како и помошта за граѓаните и фирмите, вклучувајќи го и повратот на ДДВ, согласно законот, се вршат од трезорот до 31 декември.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.