HomeАктуелноМНР ќе одлучува дали шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе слета во Скопје

МНР ќе одлучува дали шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе слета во Скопје

Дали вечниот шеф на руската дипломатија, Сергеј Лавров ќе слета во Скопје? По долгиот молк владата денеска одлучи да ја префрли одговорноста. Го задолжи МНР да одлучи дали ќе ја тргне забраната за прелетување и слетување на авиони од Русија во земјава. Министерот Османи треба да пресече.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Владата им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлулат за издавање одобрување за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на оддржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември.

Во документот од седницата пак јасно е наведено дека е донсена одлука за дополнување на одлуката за рестриктивни мерки од февруари минатата година

Рестриктивната мерка од член 2 алинеја 2 од оваа одлука нема да се применува за воздухопловот на Руската федерација кои што ќе слета на територијата на РСМ за време на министерскиот состанок, за којшто министерството за одбрана и МНР претходно ќе издадат одобрување за прелет и слетување, стои во одлуката на Влада.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.