Директорот на Управата за финснсиска полиција, Арафат Муареми, не запира со барањата за одговорност за случјаот со претресот што го изврши Обвинителството на Вилма Русковска во институцијата.
Денеска Финансова поднесе нова претставка, до Судскиот совет. Со неа, Муареми бара да се провери по кои индиции и докази судијата на претходна постапка му одобрил на Обвинителството да изврши претрес во Финансова.
Вчера претставка беше досетавена и до Советот на јавните обвинители за да се преиспита работењето на Обвинителството за гонење на организиран криминал. Во Обвинителството пак се проверува веќе поднесената претставка на Муареми за начинот на претресот во Финансиска. Инаку, Обвинителството на Русковска ја чешлаше работата на Финансиската полиција по пријава на граѓани, но не откри за што се работи…
